СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СО ДОБИТНИЧКАТА НА НАГРАДАТА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО

СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СО ДОБИТНИЧКАТА НА НАГРАДАТА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО

Градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески, денеска оствари средба со добитничката на четвртоноемвриската награда за животно дело, Милица Шперовиќ – Рибарски.
Рибарски која поради професионален ангажман во Казахстан не беше во можност да присуствува на Свечената академија по повод Денот на ослободувањето на градот, изрази голема благодарност за соработката со општина Битола, со градоначалникот на општината, а ја изрази и својата неизмерна среќа од добивањето на вакво, високо признание:
„Јас сум крајно благодарна за добивањето на едно вакво големо признание. Битола е мојот дом, иако повеќе години живеам во Скопје. Целиот мој живот градот Битола беше инспирација за творештво, како пијанист почнав оттука кај учителката Марика Јефтиќ, потоа продолжив Скопје, Белград, Париз…Работев со цел да ја приближам класичната музика, а потоа да го афирмираме градот, прво во југословенски, а потоа и во европски рамки. Во 35 земји сум свирела како солист, меѓу кои Рио де Жанеиро, големите центри Њујорк, Москва, Санкт Петерсбург, Париз…Овае награда за мене и за фестивалот кој го направивме со Кирил Рибарски. Бев изненадена кога ме предложија за наградата, но истата има големо значење за мене. Голема благодарност до предлагачите и до градоначалникот Владимир Талески – уметник на кој што некогаш сум се воодушевувала како публика, а денес на неговата работа за градот и своиоте граѓани“, изјави Милица Шперовиќ – Рибарски, пијанист, добитник на четвртоноемвриската награда, доделена според одлуката донесена на управниот одбор на Фондот за наградата „4 Ноември“.
Шперовиќ – Рибарски на денешната прес конференција потсети на својот професионален ангажман како успешен пијанист со исклучително активна музичко-сценска дејност во текот на долгогодишната уметничка кариера кој трае повеќе од 55 години. Со своето делување таа претставува типичен пример на вљубеник во Битола. Градоначалникот Талески, уште еднаш и честита на добитничката за големото признание посакувајќи и уште поголеми успеси во идниот период:
„Голема чест е што ги имаме Милица Шперовиќ Рибарски и Кирил Рибарски. Тоа се луѓе – врвни уметници од светски ранг и долго не радуваат со „Интерфест“. Милица ова го заслужи како уметник и врвен педагог. Иако, Милица и Кирил Рибарски на 4 ноември беа на професионален ангажман во Казахстан, каде меѓудругото беа и жири комисија, тие испратија одлична замена, нивниот син кој чекори по нивните стапки и ќе биде врвен пијанист. За нас е исклучителна чест што ги имаме овие врвни уметници“, изјави градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески.
Општинската награда „4 Ноември“, за животно дело годинава е доделена на Милица Шперовиќ – Рибарски – пијанист, заради нејзиниот придонес во афирмацијата на Битола и уметноста и културата во Битола и Македонија, како и заради нејзината брилијантна заокружена, континуирана творечка целина во развојот на образованието, уметноста, културата во Битола и Република Македонија, како професор, уметник и организатор на Интернационалниот фестивал „Интерфест“ Битола кој оваа година слави јубилеј 25 години од постоењето.

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC