Четвртата светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог годинава се одржува од 3 до 5 ноември во Битола во рамките на Глобалната агенда на Обединетите нации и УНЕСКО за дијалог меѓу цивилизациите и Декадата на УНЕСКО за помирување на културите.
На отворањето на конференцијата свои обраќања имаа претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, министерката за култура Елизабета Канческа Милевска и претседавачот на Конференцијата Валентина Божиновска, директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи