ОПШТИНА БИТОЛА ДЕЛ ОД КАМПАЊАТА „МАКЕДОНИЈА БЕЗ ОТПАД“

ОПШТИНА БИТОЛА ДЕЛ ОД КАМПАЊАТА „МАКЕДОНИЈА БЕЗ ОТПАД“

Општина Битола продолжува со реализацијата на проектите кои се однесуваат на обезбедување на чиста и здрава животна средина. „Нула толеранција на дивите депонии“ е еден од проектите кој општината Битола го реализира од 2005 година, а за неговата успешност говори бројката заоколу 100 намалени депонии.
Покрај тековните активности во оваа насока, Општина Битола и оваа година активно се вклучува во кампањата „Македонија без отпад“, во организација на асоцијацијата „Ајде Македонија“.
Со оваа есенска акција на чистење на дивите депонии во Општина Битола опфатени се 14 локации и тоа: Пат А“, обиколница над градот (на неколку места), м.в „Тепсија“, „Индустриски пат“, пат за с.Долно Оризари, пат за с.Кравари, пат за с.Бистрица, ул.21 ва зад Кеопс, стар пат за Прилеп кај Тулана, покрај старите градски гробишта, Довлеџик на патот за Пелистер, ободен атмосферски канал, населба Баир, кај Атпазар, Буковски мост (пат за Хераклеа) и Фринко. Општина Битола во оваа акција е вклучена заедно со општинскиот инспекторат, јавните претпријатија: Комуналец, Нискоградба и Водовод, а со своја механизација се вклучуваат и градежните и други фирми од општината, како: Стентон градба, Македонија пат, Гранит, Јошка транс, БВ Инжинеринг, Урбан Инвест, Зи Мак, Макстрој и Скипи.
Општина Битола ги повикува сите заинтересирани граѓани, во текот на утрешниот ден (01.10.2016) на некоја од споменатите локации да се вклучат со свои активности за чистење со кои ќе дадат придонес за чиста и здрава животна средина.
Проектот „Македонија без отпад“ има за цел да го исчисти отпадот кој се наоѓа на несоодветни места во околината, да развие свест кај граѓаните за правилно управување со отпадот и да развие механизми за поддршка на граѓаните, општините и другите засегнати групи за подобро да се справат со неорганизираното и незаконско фрлање отпад во нивните заедници.