ПРОБИВАЊЕ И КОМПЛЕТНА ИНФРАСТРУКТУРА НА УЛИЦА „ШИРОКА“

ПРОБИВАЊЕ И КОМПЛЕТНА ИНФРАСТРУКТУРА НА УЛИЦА „ШИРОКА“

Пробивање на улицата „Широка“, поставување на водоводна, канализациона мрежа и улично осветлување се досегашните градежни активности реализирани како дел од проектот „Комплетна инфраструктура на улица Широка“, кој во изминатиот период го реализира локалната самоуправа, а истот е од огромно значење за жителите на овој дел од Битола. Мештаните, задоволни од динамиката на реализација на проектот со задоволство го очекуваат комплетното завршување на проектот и изградбата на коловоз на два краци од оваа улица во должина од 826 метри.
„Ова е многу специфичен дел. Пред неколку години работевме во овој дел и ја направивме улицата „Кукуш“ која што слично како и улицата „Железничка“ служи како еден вид заобиколница за растоварување на сообраќајот во централното градско подрачје. Но, ситуацијата до неодамна оневозможуваше доаѓање по улицата „Широка“ до ул„Кукуш“. Пробиена е оваа улица и во моментот се финализира делот каде што веќе е поставена канализација, водоводна мрежа, се поставува улично осветлување и се разбира на крајот ќе следува асфалтирање“, изјави градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески, на денешната прес конференција на улицата „Широка“.
Вкупната вредност на проектот за комплетна инфраструктура на улицата „Широка“изнесува 30 812 034 денари и претставува дел од проектот „Изградба на над 100 улици“ во општина Битола, чија реализација е во завршна фаза.
Покрај овој проект, општината продолжува со реализација и на други инфраструктурни проекти во соработка со локалните јавни претпријатија, како и понатамошна реализација на двата крупни проекти „Индустриска зона Жабени“ и проектот за поранешната касарна.
„Се она што е зацртано не доцни ниту еден ден. Деновиве го разгледував се она што како концепција сме го понудиле пред граѓаните уште во 2005 година, така што, истите реченици кои се запишани се реализираат до денес. И тогаш сме кажале дека, максимално ќе ги подобриме сите услови за развој на инвестициите во нашата општина, бидејќи тогаш ништо не се градеше, ќе дозволиме на домашните и странските инвеститори да отвораат свои стопански објекти, за да го подобриме делот со вработувањето. Сме кажале дека ќе ја подобриме инфраструктурата во општината, тоа го правиме, вложуваме максимални напори за развој на образованието, спортот и културата, така што се покажа дека нашиот концепт произлегува од добра претходна анализа и како концепт придонесе во цела општина Битола да имаме големи придобивки“, одговори градоначалникот Талески на новинарско прашање за функционирањето на општината во изминатиот период, заблагодарувајќи се на општинската администрација за постојаната комуникација и ажурност во периодот на неговото физичко отсуство, притоа нагласувајќи дека локалната самоуправа ги реализира сите проекти со предвидената динамика.

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC