ВЕЧНИОТ ПЛАМЕН НА МИР ЈА ПОСЕТИ ОПШТИНА БИТОЛА
Интернационалниот тим на тркачи од светската „ТРКА ЗА МИР“- ШРИ ЧИНМОЈ во Општина Битола со запален пламен пристигна на Плоштад Магнолија придружуван од голем број граѓани. „ТРАКАТА ЗА МИР“, позната како World Harmony Run е глобална штафетна трка во која сите учесници го промовираат мирот, пријателството и хармонијата помеѓу луѓето, предавајќи го факелот од рака во рака, за да посакаат подобра и посветла иднина.
„ Европскиот дел на „ТРКАТА НА МИРОТ“ започна на 21 Февруари во Порто – Португалија, и јас за прв пат бев дел од тимот од трката на мир во 2004 година. За време на трката видов дека има многу добри луѓе, а исто такви се и луѓето во Македонија. Основачот на трката Шри Чинмој, веруваше дека со трчањето на сите предели од светот, ние луѓето можеме да ги поврземе сите различни религии, нации и народи со една заедничка цел, а таа е вечниот мир. Во Европа трката помина повеќе од 24.000 километри, а нам ни остануваат уште 12 дена до крајот на трката која ќе заврши на 7 Октомври, во Рим, Италија „ – изјави Rasmivan Collinson – учесник од Бристол Англија.
Главната улога на трката е да се поттикне човештвото на единство и разбирање во секојдневниот живот, со цел да се споделуваат идеалите за вечен мир и да се спуштат социјалните бариери кои одделуваат една нација од друга.
„Особена е честа што Република Македонија се наоѓа на мапата на оваа трка или трка на хармонијата, а уште поголема е честа што Општина Битола се наоѓа на оваа рута од нивната трка, која има цел да поттикне на пријателство и разбирање меѓу сите народи во светот. Уште еднаш им сме благодарни за посетата и за доделениот сертификат, имавме прекрасна можност да го осетиме духот на штафетното трчање, и со младите од градот да го држиме факелот на мирот, и заеднички да ја пренесеме пораката за почит и вечена хармонија“ – изјави Пеце Милевски член на Советот на Општина Битола
Траката за светска хармонија – World Harmony Run е поддржана од многу светски личности како Нелсон Мандела, Мајка Тереза и нашите претседатели Борис Трајковски и Киро Глигоров и секоја година посетува многу училишта во повеќе од 100 земји ширум светот.
Општина Битола заедно со Сојузот на спортови и Советот на млади, ја поддржаа трката, а во неа учество зедоа претставници од основните и средните училишта, граѓанските организации и спортските клубови.