Во текот на летните месеци од страна на ЈКП Водовод Битола, преземени се на одржување и управување два локални водоводи во населените места Лисолај и Лопатица. Со преземањето на водоводите, се очекува да се подобри водоснабдувањето на овие две места, се до приклучувањето на истите на градската водоводна мрежа на ЈКП „Водовод“ – Битола.
Потребата за преземање, произлезе од тековното следење на состојбата со водоснабдувањето во споменатите населени места, како и од состаноците кои во изминатиот период беа одржани од градоначалникот на општината, директорот на ЈКП „Водовод“ – Битола и претставниците од локалната самоуправа со жителите од селата Лопатица и Лисолај.