СВЕТСКИ ДЕН ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

СВЕТСКИ ДЕН ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Општина Битола, во соработка со јавните претпријатија и невладините организации: „Биосфера“,„Баирска светлина“, „Европска гледна точка“, „Волвокс“ и „СУМНАЛ“ и оваа година на светскиот ден за заштита на животната средина организира акција за почиста околина. Во рамките на акцијата во координација со општинскиот комунален инспекторат ќе бидат исчистени повеќе депонии: пат А3-обиколница на градот, „Тепсија“, ул. „Мирче Ацев“ бр.44, ул. „Партизанска“ кај стар ресторан „Парк“ и старите светонеделски гробишта.

„Апелирам до граѓаните, сметот да го исфрлаат онаму каде што е одредено место за исфрлање на истиот. Органскиот и градежниот шут кој го исфрлаат навистина ја загадува животната средина. Да потсетам на почетокот кога почнавме со ваквите активности, имавме лоцирано 117 диви депонии, која бројка се намалува. Благодарност до мештаните кои го почитуваат тоа и се разбира кои ни помагаат во лоцирање на несовесните граѓани. Во изминатиов период општинската инспекција имаше полни раце работа, така што 23 лица кои што фрлаа отпад се опоменати и задолжени со чистење на целата депонија каде што го исфрлале отпадот, а три лица се парично казнети и тоа ќе го продолжиме како пракса и во идниот период. “, изјави градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески.

Општина Битола, заедно со јавните комунални претпријатија од градот континуирано води грижа за хигиената во градот и околните места, за што потврда е значителното намалување на бројот на диви депонии кој пред 11 години изнесуваше 117, а денес околу 15. Ова се должи на континуираните активности кои се реализираат на голем број локации, а имаат за цел да ги опоменат, спречат или заштитат граѓаните од последиците кои може да настанат при создавањето на дивите депонии. Два пати годишно, општината организира и масовни акции за почиста околина, кои се дел од програмските активности на локалната самоуправа, но честопати и во координација со ресорното министерствo.

Исто така на денешната акција за почиста околина, градоначалникот нагласи дека општина Битола, преку Советот на општина Битола има донесено програма за заштита на човековата околина, со тоа што грижата се однесува на сите аспекти, а во изминатиот зимски период преку институциите во општина Битола, главно најголемите загадувачи во општината беа опоменати, со што беа превземени мерки за чистење на нвните оџаци и тоа доведе до намалување на аерозагадувањето во нашиот град. На дневна основа се следи и аерозагадувањето, а со тоа може да се каже и дека во последните два месеци, во Битола има нормална ситуација и нема отстапување од она што е дозволено во рамките на законот, со што се потврдува она кое што неолку пати беше посочено дека загадувањето на воздухот во Битола воглавно е во зимскиот период.


deponii 5 deponii 4

SONY DSC

deponii 2 deponii 1