НОВО УЧИЛИШТЕ ЗА УЧЕНИЦИТЕ ВО СЕЛО ПОЕШЕВО

НОВО УЧИЛИШТЕ ЗА УЧЕНИЦИТЕ ВО СЕЛО ПОЕШЕВО

На големо задоволство и среќа на жителите на селото Поешево, а посебно на неизмерна радост на учениците од ова место, денеска официјално беше ставено во функција подрачното училиште на ОУ Коле Канински. Иницијативата за изградба на ново училиште потекна од мештаните, а локалната самоуправа обезбеди средства и ја реализираше постапката за успешно завршување на овој значаен проект:
„Зградата во која што се наоѓаше училиштето беше руинирана. Правевме различни варијанти. Имаше една помошна зграда која честопати ја користевме за настава. Ова е место кое се развива и по барање на мештаните решивме да изградиме ново училиште. Се работи за објект кој што е една монтажна комбинација, објект кој што има цврста арматура, долга гаранција, нова дограма, решен е начинот на греење, има нов мебел. Веќе пристигнуваат и донации за модернизирање на просторот. Ние сме во потрага на изведувач кој што ќе го уреди и дворот“, изјави градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески.
„Вложувањето во образованието е влог во нашата иднина“, рече директорката на училиштето Лидија Павловска на денешната свеченост заблагодарувајќи се до општината, мештаните и другите донатори.
Вредноста на инвестицијата изнесува 2 500 000 денари. Објектот ќе биде дополнет и со надворешни содржини кои ќе го разубават просторот, како мултинаменско игралиште со детски реквизити, а ќе се направи и оградување на просторот и хортикултурно уредување.

UcilistePoesevo2016-2

UcilistePoesevo2016-1 UcilistePoesevo2016-3 UcilistePoesevo2016-4