ТРАДИЦИОНАЛНА СРЕДБА СО ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА МЕСНИТЕ И УРБАНИТЕ ЗАЕДНИЦИ

ТРАДИЦИОНАЛНА СРЕДБА СО ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА МЕСНИТЕ И УРБАНИТЕ ЗАЕДНИЦИ

Aсфалтирани улици, изградени водоводни и канализациони мрежи, игралишта, реконструкција на детски градинки и изградба на училишта, хортикултурно уредување, изградба на нови паркови се само дел од приоритетите на месните и урбаните заедници кои општина Битола по барање на граѓаните, ги вклучи во својата програма и минатата 2015 година успешно ги реализираше. Континуираната комуникација продолжува понатаму, а во таа насока беше организирана и денешната традиционална средба на градоначалникот со претседателите на месните и урбаните заедници во општината. На средбата се разговараше за реализираните проекти од локалната самоуправа во изминатата година, како и за проектите кои ќе се реализираат согласно програмата за 2016 година.

„Традиционално се собираме со претседателите на месните и урбаните заедници. Без овие луѓе голем дел од програмата би бил поинаков и немаше да го реализираме до крај. Нивната помош ни е многу важна и драгоцена. Барањата кои доаѓаат до општината се директно од нив. Откако ќе се изгласа програмата на Советот обезбедуваме финансиски средства од општинскиот буџет или други извори, но најважно е колку што можеме да ги реализираме нивните барања. 2015 година беше тешка година за сите нас. Сепак, голем дел од нашите проекти ги реализиравме, но оваа година очекуваме многу повеќе од тоа, затоа што се отворија друг вид на можности и сето она што им го ветувавме на граѓаните во предизборната кампања и за време на кампањата за локалните избори, очекуваме во 2016 година да го финализираме, така што нивната помош и соработка, навистина ни е многу значајна. Денеска се собираме како дел од долгите јануарски празнувања, да им посакаме на луѓето радост, љубов, среќа, успеси на професионален и семеен план. Нивната помош е голема и при планирањето и на терен. Изминатиот период имавме и средби со граѓаните од кои собиравме идеи кои понатаму ќе бидат дел од нашите програми“, изјави градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески.

Претседателите и на урбаните и на месните заедници го изразија своето задоволство од досегашната соработка, нагласувајќи дека само ваквиот начин на заедничка и континуирана работа може да даде трајни резултати во интерес на сите жители на општината.

„Како секоја година ние во нашата урбана заедница правиме план и програма, една приоритетна листа на улици и друга инфруструктура која е потребна. Како и секоја година и оваа година имавме успешна соработка. Се што побаравме како приоритет е реализирано. Како на пример пробивањето на улица Широка, делот што излегува над Стрелиште и е големо олеснување за граѓаните, комплетна промена на канализационата мрежа на улицата, остана уште асфалтирањето. Некои работи остануваат да се дозавршат, а се надеваме дека оваа година ќе имаме уште поуспешна соработка“, изјави претседателот на УЗ Тодор Ангелевски.

Постојаните средби со претседателите на месните и урбаните заедници, како и директно со граѓаните создаваат повеќе можности за реализација на проекти кои директно произлегуваат од потребите на граѓаните и се приоритет во местото на живеење. Ваквата комуникација е еден од клучните елементи за високите резултати на локалнта самоуправа во реализацијата на предвидената програма.

urbani 2 urbani 4 urbani 5 urbani 7