Традиционално и оваа година општина Битола со палење на традиционалниот коледарски оган го одбележа Коледе. Одбележувањето беше збогатено со музичка програма и настап на повеќе музички групи. За доброто расположение на плоштадот Гоце Делчев се погрижија групите Ѓердан, Бон Тон, Хераклеа, Прва Севда, Јошка Бенд и Софија Кочевска. Со најубави желби за многу здравје, среќа, љубов и успех на своите сограѓани градоначалникот им ги честита божиќните празници.
![](https://www.bitola.gov.mk/wp-content/uploads/2016/01/Kolede2016-1-783x562.jpg)