БИТОЛА – ДЕЛ ОД МРЕЖАТА НА КРЕАТИВНИ ГРАДОВИ НА УНЕСКО

БИТОЛА – ДЕЛ ОД МРЕЖАТА НА КРЕАТИВНИ ГРАДОВИ НА УНЕСКО

Битола е првиот град од Република Македонија, кој стана член на мрежата на креативни градови на УНЕСКО, каде што членуваат вкупно 116 градови од светот. Битола во мрежата на креативни градови во областа на филмот се наоѓа заедно со Париз, Лион, Софија, Линц, Брадфорд и Галвеј од Европа. Мрежата опфаќа градови од повеќе области: занаетчиство, народна уметност, дизајн, филм, гастрономија, литература и музика. Истата има за цел да ја стимулира меѓународната соработка, посебно со другите градови – членови на мрежата со што се истакнува креативноста да биде мотор на одржливиот урбан развој, социјалната инклузија и културното зрачење.