ЗАПОЧНА РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ПРОЕКТОТ БИОФОС

ЗАПОЧНА РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ПРОЕКТОТ БИОФОС

Biofos12_2015-2 Biofos12_2015-1
Општина Битола во рамките на третиот повик за прекугранична соработка од ИПА програмата помеѓу Република Грција и Република Македонија во соработка со партнерите Општинската компанија за топлифицирање „ДЕТЕПА“ од Аминтео и Технолошко образовниот институт од Кожани Република Грција аплицираше и го доби проектот со акроним Биофос.
Денес во Општина Аминтео-Република Грција се одржа првата конференција за проектот Биофос со тема „ Реален пристап кон искористување на биомасата за централно греење“, во делот на промотивните активности. На конференцијата излагање имаа градоначалникот на Општина Битола д-р Владимир Талески, градоначалникот на Општина Аминтео Теодоридис Константинос кои пред излагањата дадоа и свои изјави.
„Сметам дека резултатите од оваа денешна конференција ќе бидат позитивни, со тоа што икористувањето на биомасата ќе биде во наша корист односно со имплементацијата на овој проект добивката ќе биде взаемна„ изјави градоначалникот на општината Аминтео.
Целта на проектот е да се подобри квалитетот на животната средина во Општина Битола преку искористување на биомасата.
„ Веќе имаме позитивно искуство во нашата соработка со проектот „Телетерм“ кој што беше многу значаен за Општина Битола,  и тие искуства ги пренесовме во нашиот проект кој што треба да се реализира во почетокот на следнава година, а тоа е топлификација на Битола. Денес започнуваме со реализација на проектот Биофос и искуствата што ги има Аминтео со проектот за загревање на едно нивно училиште мислам дека е значајно и тоа нивно искуство ќе го пренесиме за реализација на загревање за спортската сала во Битола “ истакна градоначалникот Талески.
Вкупната вредност на договор за грант помеѓу ЕУ Делегација и Општина Битола изнесува 135.513 евра.