АКЦИЈАТА „ДЕН НА ДРВОТО-ЗАСАДИ ЈА СВОЈАТА ИДНИНА“ РЕАЛИЗИРАНА ВО БИТОЛА

АКЦИЈАТА „ДЕН НА ДРВОТО-ЗАСАДИ ЈА СВОЈАТА ИДНИНА“ РЕАЛИЗИРАНА ВО БИТОЛА

Во месноста над село Раштани и оваа година се засадија голем број на садници, со акцијата „Ден на дрвото-засадија својата иднина“. На површина од 44 хектари предвидени беа да се засадат 88 илјади садници. Градоначалникот д-р Владимир Талески засади садници и истакна дека „ Оваа акција е одлична бидејќи свеста кај граѓаните, а и нашата, директно се менува и ја завртуваме кон екологијата, кон здравата средина за живеење. Мислам дека е добро затоа што на ваков начин даваме добри примери за најмладите граѓани“. Во акцијата учествуваа и заменик-министерот за локална самоуправа Љупчо Пренџов, пратеникот Зоран Илиоски, претседателката на советот на Општина Битола Силвана Ангелевска, советници од Совет на Општина Битола, претставници од други институции и организации и приватни фирми.DenNaDrvoto12_2015-1 DenNaDrvoto12_2015-2