Денес, градоналчалникот на општина Битола д-р Владимир Талески оствари средба со амбасадорката на СР Германија г-ѓа Кристине Д. Алтхаузер. На средбата обете страни го изразија своето задоволство од инвестицијата во индустриската зона „Жабени“ на германскиот гигант „Кромберг и Шуберт“.
„Очекувам понатаму да се реализира потврдената инвестиција за проширување на капацитетот на „Кромберг и Шуберт“, сеедно дали тоа ќе биде во рамките на продолжување на постоечкиот или изградба на уште еден. Во секој случај ние прифативме да ги исполниме нивните барања односно да се направи уште еден пристапен пат до фабриката „Кромберг и Шуберт“, изјави градоначалникот Талески.
Исто така на средбата беше разговарано и за соработка во делот на културната размена.
„ Иницијативата на канцеларката Меркел во 2014 година вроди со плод на таканаречената Младинска организација за култура на Југоисточна Европа, според француско – германскиот модел кој што се случи во Берлин 2014, оваа година во Виена, а наредната 2016 година е најавена таква конференција во Париз. Идејата е да овој регион доживува една повторна културна размена која историски ја познава од минатите децении“, реше амбасадорката Алтхаузер.
чна Европа, според француско – германскиот модел кој што се случи во Берлин 2014, оваа година во Виена, а наредната 2016 година е најавена таква конференција во Париз. Идејата е да овој регион доживува една повторна културна размена која историски ја познава од минатите децении“, реше амбасадорката Алтхаузер.