ПРЕЗЕНТИРАНИ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД МЕРЕЊЕТО НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ ВО БИТОЛА

ПРЕЗЕНТИРАНИ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД МЕРЕЊЕТО НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ ВО БИТОЛА

Фирмата „Еуромак Контрол“ од Скопје, денес изврши презентација на резултатите од извршеното мострирање и мерење на концентрацијата на ПМ10 честичките во амбиенталниот воздух во Општина Битола, кое мерење беше извршено со помош на инструмент за мострирање кој беше поставен на балконот на зградата на „Конзулатот на руската федерација“ на плоштадот „Магнолија“ во Битола.  „Согласно добиените резултати граничните вредности не се надминати. Врз основа на налогот на Општина Битола имаме мерења во летниот период, 14 дневен мониторинг и мерења кои што се закажани за зимскиот период. Избран е летниот период кога се најтопли деновите за да можеме да видиме како се движат концентрациите на тешките метали, односно на суспендираните честички и зимскиот период кој што ќе биде одбран дополнително, кога имаме греење на приватните домаќинства и би се очекувало дека резултатите во тој случај ќе бидат поинакви.“ изјави управителот на „Еуромак Контрол“ Сузана Темелкоска.

Мерењето е извршено во период од 14 до 28 јули оваа година, а определувањето на концентрацијата на ПМ10 честичките е извршено во лабораторијата на „Еуромак Контрол“, додека анализата на елементите олово, кадмиум, арсен и никел, како и соединението бензопирен во самите честички е извршена во лабораторијата „ЦЕТИ“ од Подгорица, Црна Гора.

„Во моментов  се е во границите на дозволеното и нема потреба од било какви препораки, односно било какви мерки кои што треба да се превземат, затоа што воздухот овој кој што го дишеме е во границите на нормалата. Доколку во идниов период се покаже потреба од превземање на активности во надлежност на локалната самоуправа се разбира дека ние тоа ќе го направиме.“ истакна градоначалникот д-р Владимир Талески.

SONY DSC

SONY DSC

vozduh 4 vozduh 5