„Гитар фест“ или Срѓан Булатовиќ и Дарко Никчевиќ се главните виновници за уште една прекрасна концертна вечер од програмата на јубилејниот БИТ ФЕСТ 2015.
Срѓан Булатовиќ е роден и живее во Подгорица. Гитара почнува да свири од својата осма година во класата на професор Миодраг Ќупиќ. Во 1991 година заедно со својот партнер Дарко Никчевиќ го основаат бендот „Дуо Гирари“. Булатовиќ е првиот магистер по гитара во Црна Гора, а својата професионална кариера ја продолжува во Средното музичко училиште во Подгорица и Музичката академија на Цетиње. Неговиот колега Дарко Никчевиќ е магистер по аудио и видео технологии. Работи во Музичката академија во Цетиње како раководител на електро-акустичната лабораторија и предавач по предметот музичка технолигија.
Репертоарот на двајцата виртуози на гитара изобилува со жанрови на фламенко музика, филмската, етно и џез музиката во корелација со класичната. Кулминацијата во својот творечки опус го достигуваат во развојот на педагошката работа со различните генерациски возрасти.