Поетска вечер на Тумбе кафе
Во пријатна летна и вечерна атмосфера во амфитеатарот на летната сцена Тумбе кафе, се одржа поетско-музичка вечер во реализација на литературниот клуб „Дениција“.
Пред гостите, универзитетскиот литературен клуб „Дениција“ ПФТБ УКЛО, се претстави со литературно читање од реномирани поети од Република Македонија.
Пријатната атмосфера беше дополнета со тивките и магични звуци од пијаното диригирано од проф. м-р мери Кавкалеска Стоилкова и акустиката од гитарите на студентите на Универзитетот „Св.Климент Охридски“.
На крајот од настанот се избраа најдобрите настапи и најдобрите творби.
Поетската вечер „Дениција“ беше дел од богатата програма на десеттотот јубилејно издание на БИТ ФЕСТ 2015.