Заштитник – документарен филм за Битола
Во рамките на десеттото битолско културно лето БИТ ФЕСТ 2015, во малата сала на Центарот за култура во Битола премиерно беше прикажан документарниот филм „Заштитник“.
Документарецот „Заштитник“ претставува реалистичен приказ за значењето и чествувањето на Преродбен Св. Нектариј Битолски. Тематската рамка на документарецот е поделена во неколку целини преку кои режисерот сака да го пренесе свечениот чин на чествување на битолскиот светец Св. Нектариј Битолски.
Документарецот започнува со литија во чест на Св. Нектариј низ градските улици во градот и продолжува со хорска презентација на тропите. Вториот дел од филмот ги содржи моментите на инсценација со фрагменти од неговиот световен живот, а презентацијата за духовноста и одаденоста кон Бога ќе се прикаже преку богатиот иконопис.
По презентацијата на филмот, публиката имаше чест да развие дискусија со црковните лица, авторите и професори по етика.