Со моќен, енергичен и впечатлив настап, познатиот гитарист Дамјан Пејчиноски, во дворот на пациото во Завод и Музеј Битола, приреди вистинско музичко уживање исполенто со магичните акорди на гитарата.
Дамјан Печиновски е млад, згоден, енергичен дечко и еден од најдобрите гитаристи на домашната сцена. Неговото богато музичко искуство напиашно со многу странски настапи е верен доказ дека Македонија има млади таленти кои што можат да се носат рамо до рамо со светските големи имиња. На сцената плени со својата самодоверба, зрелост и неверојатен слух и техника за гитара.
Со гитарата другарува од својата шестта година, но вистинскиот интерес се пројавил во тинејџерските денови. Има членувано во составите „Ворнинг“, „Абракадабра“ и „Џамп старт“. Во 2002 година на реномираниот фестивал „Рок-фест“ беше прогласен за најдобар гитарист, а наградата гитара „јамаха“ лично му е доделена од маестро Влатко Стефановски.
Пред битолската публика и многубројните туристи, Дамјан се престстави со неверојатен концерт и инзвонреден репертоар на композиции со авторски аранжман.
Битолчани имаа чест и задоволство да уживаат во Jazz, Gypsy Jazz, Rock и Classical изведбите.
Концертот на Дамјан Пејчиновски трио, беше дел од програмата на најдолгото културно лето во Македонија, БИТ ФЕСТ 2015 во покровителство на Општина Битола.