Здружението за истражување и развој ИТ Креатив во чест на најголемиот празник Илинден, во знак на револуцијата и слободата, пред младите битолчани на летната сцена Тумбе Кафе го прикажаа играниот филм „Републиката во пламен“.
Целта на филмот беше младите луѓе да се запознаат со маките, теророт, борбата, итроштината и силата на македонските револуционери за време на Илинденското востание, момент кога Македонија била прогласена десет дена Крушевска Република.