Во Магазата во рамките на битолското културно лето БИТ ФЕСТ 2015, здружението Гопеш-НАШЕ СЕЛО, на многубројните посетители преку фотографија им ја прикажа богата историја, благодетите и убавините на селото.
Во Магазата беа изложени 150слики преку кои беше направена паралела на животот некогаш со село Гопеш и сега. Покрај сликите беа изложени артефакти и предмети од секојдневниот живот на гопешките власи, предмети употребувани во занаетчиството и домаќинството кои со својата необичност будат интерес кај публиката.