Кога победуваат хуманоста и љубовта на среќата и нема крај
Со громогласен аплауз и насмевки од лицата на битолската публика, беше отворен хуманитарниот концерт „Ламбе и Димитар“.
Двочасовниот концерт претставуваше вистинско уживање за публиката со одбарни песни од албумите на најдобрите музички имиња на забавната македонска естрада, Ламбе Алабаковски и Димитар Андоновски.
Главната порака беше да се зачува, негува, промовира и пее македонската музика меѓу младите генерации.
За концертот да биде уште поубав и поисполнет со љубов, виновен беше Димитар Андоновски, кога пред сите за жена ја побара својата девојка Христина.
Собраните финансиски средства ќе бидат донирани за лекување на Пеце Роговски.