Лиценца и извод од лиценца за вршење општински линиски превоз

Лиценца и извод од лиценца за вршење општински линиски превоз

 

ПРОЦЕДУРА

за издавање на лиценца и извод од лиценца за вршење општински линиски превоз на патници во Општината Битола

Потребна документација

За издавање на лиценца и извод од лиценца за вршење општински линиски превоз на патници во   Општина Битола, барателот поднесува писмено Барање до Општината (образец на барањето се добива на шалтер или од интернет страницата на Општина Битола www.bitola.gov.mk – линк формулари)

Кон барањето се доставува следната документација:

  1. ДОКАЗ ДЕКА ПРЕВОЗНИКОТ Е ВПИШАН ВО ЦЕНТРАЛНИОТ РЕГИСТАР НА РМ-ТЕКОВНА СОСТОЈБА СО ПРЕТЕЖНА ДЕЈНОСТ ЗА ПРЕВОЗОТ ЗА КОЈ ШТО СЕ БАРА ЛИЦЕНЦА (НЕ ПОСТАР ОД 60 ДЕНА) (копија)
  2. ДОКАЗ ДЕКА ПРЕВОЗНИКОТ ИМА ВО СОПСТВЕНОСТ  ИЛИ ПОД ЛИЗИНГ РЕГИСТРИРАНИ ДВЕ ИЛИ ПОВЕЌЕ ВОЗИЛА СО НАЈМАЛКУ 16+1 СЕДИШТЕ (копија од сообраќајни дозволи)
  3. ПОТВРДА ЗА СЕКОЕ ВОЗИЛО ОД СТАНИЦА ЗА ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД-БИТОЛА ДЕКА  ИСТОТО ГИ ИСПОЛНУВА ТЕХНИЧКО-ЕКСПЛОАТАЦИОНИТЕ УСЛОВИ ЗА ВАКОВ ВИД НА ПРЕВОЗ (копија)
  4. ДОКАЗ ЗА ВРАБОТЕНИ ЛИЦА-ВОЗАЧИ ВО ФИРМАТА (копија од образец М1/М2) – ЗА ЕДНО ВОЗИЛО ЕДЕН ВОЗАЧ
  5. СЕРТИФИКАТ ЗА ПРОФЕСИОНАЛНА КОМПЕТЕНТНОСТ ЗА УПРАВИТЕЛОТ (копија-информации за сертификатот се добиваат на Технички факултет-Битола; лице за контакт: Зоран Јошевски)
  6. УВЕРЕНИЕ ДЕКА ПРОТИВ УПРАВИТЕЛОТ НЕМА ПРАВОСИЛНА СУДСКА ПРЕСУДА ЗА КРИВИЧНО ДЕЛО (НЕ ПОСТАРА ОД 60 ДЕНА) (копија)
  7. АДМИНИСТРАТИВНИ ТАКСИ (оргинал)(уплатени преку правното лице-фирма)

Постапка за издавање на лиценца и извод од лиценца за вршење авто-такси превоз на патници во Општина Битола

Општината во рок од 8 (осум) работни дена од денот на приемот на барањето ќе ја разгледа доставената документација, и доколку  утврди дека истата е комплетна , во рок од 15 дена ќе изготви заклучок за плаќање на административна такса за добивање на Лиценца /Извод од лиценца за вршење авто такси превоз на патници и истиот го доставува до странката.

Странката во рок од 5 дена по добивање на Заклучокот за плаќање  на административна такса е должна да постапи по истиот.и доказ  за извршена уплата да  достави до Надлежниот орган на Општината.

Надлежниот орган на Општина Битола во рок од 3 (три) работни дена ја изготвува Лиценцата/Изводот од Лиценца за вршење на авто такси превоз на патници во Општина Битола и уредно ја доставува до странката.

Доколку странката не постапи по Заклучокот за плаќање во предвидениот рок, ќе се смета дека барателот го повлекол своето барање и ќе се постапи согласно Законот за општа управна постапка.

Постапка кога доставената документација не е комплетна или е со недостатоци.

Доколку доставената документација не е комплетна, надлежниот орган на Општината е должен писмено да го извести барателот со известување 1 барателот да ги отстрани констатираните недостатоци и да го дополни барањето, во рок од 8 (осум)  дена од денот на приемот на известувањето.

Доколку барателот повторно не ја докомплетира доставената документација надлежниот орган на Општината е должен писмено да го извести барателот со известување 2 барателот да ги отстрани констатираните недостатоци и да го дополни барањето, во рок од 20 (дваесет)  дена од денот на приемот на известувањето.

Доколку барателот не ги отстрани констатираните недостатоци и не го дополни барањето во дополнително определениот рок, органот ке го отфрли барањето и ке донесе Решение за одбивање за издавање на лиценца и Извод од лиценца за вршење Општински линиски превоз на патници во Општина Битола

Барање

Уплатница за административни такси 1

Уплатница за административни такси 2

Контакт лице: Валентина Трифунова, Советник за превоз во патен сообраќај

тел: 047 208 305

е-mail: valentina.stefoska@gmail.com