Лиценца и извод од лиценца за вршење авто-такси превоз

Лиценца и извод од лиценца за вршење авто-такси превоз

ПРОЦЕДУРА

за издавање на лиценца и извод од лиценца за вршење авто-такси превоз на патници во Општината Битола

Потребна документација

За издавање на лиценца и извод од лиценца за вршење авто-такси превоз на патници во Општина Битола, барателот поднесува писмено Барање до Општината (образец на барањето се добива на шалтер или од интернет страницата на Општина Битола www.bitola.gov.mk – линк формулари)

Кон барањето се доставува следната документација:

1. ДОКАЗ ДЕКА ПРЕВОЗНИКОТ Е ВПИШАН ВО ЦЕНТРАЛНИОТ РЕГИСТАР НА РМ – ТЕКОВНА СОСТОЈБА СО ПРЕТЕЖНА ДЕЈНОСТ „АВТО-ТАКСИ СЛУЖБА“ (не  постара од 60 дена) (копија)

2. ДОКАЗ ДЕКА ПРЕВОЗНИКОТ ИМА ВО СОПСТВЕНОСТ РЕГИСТРИРАНО ВОЗИЛО СО НАЈМНОГУ 5 СЕДИШТА, ВНЕСЕНА ПРОПИШАНАТА БОЈА ОД ОПШТИНА БИТОЛА ВО СООБРАЌАЈНАТА ДОЗВОЛА И ВО СОПСТВЕНОСТ НА ПРАВНОТО ЛИЦЕ-ФИРМАТА. ВОЗИЛАТА КОИ ШТО СЕ ПОД ЛИЗИНГ, ИСТО ТАКА ТРЕБА ДА ЈА ИМААТ ПРОПИШАНАТА БОЈА ОД ОПШТИНА БИТОЛА (копија од сообраќајната дозвола)

3. ПОТВРДА ЗА ВОЗИЛОТО ОД СТАНИЦА ЗА ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД-БИТОЛА ДЕКА ИСТОТО ГИ ИСПОЛНУВА ТЕХНИЧКО-ЕКСПЛОАТАЦИОНИТЕ УСЛОВИ ЗА ВАКОВ ВИД НА ПРЕВОЗ (копија

4. РЕШЕНИЕ ЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА ФИСКАЛЕН СИСТЕМ НА ОПРЕМА ИЗДАДЕНО ОД УЈП-РД БИТОЛА И СЕРТИФИКАТ ЗА ВЕРИФИКАЦИЈА НА МЕРИЛО ОД МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА-БИРО ЗА МЕТРОЛОГИЈА (копија)

5. СЕРТИФИКАТ ЗА ПРОФЕСИОНАЛНА КОМПЕТЕНТНОСТ ЗА УПРАВИТЕЛОТ (информации за сертификатот се добиваат на Технички факултет-Битола; лице за контакт: Зоран Јошевски) (копија)

6. УВЕРЕНИЕ ДЕКА ПРОТИВ УПРАВИТЕЛОТ НЕМА ПРАВОСИЛНА СУДСКА ПРЕСУДА ЗА КРИВИЧНО ДЕЛО (не постаро од 60 дена) (копија)

7. АДМИНИСТРАТИВНИ ТАКСИ (уплатени преку правното лице-фирма)

Постапка за издавање на лиценца и извод од лиценца завршење авто-такси превоз на патници во Општина Битола

Општината во рок од 8 (осум) работни дена од денот на приемот на барањето ќе ја разгледа доставената документација, ќе утврди дали истата е комплетна и во рок од 15 дена со комплетирана документација се издава лиценца и извод од лиценца.

Постапка кога доставената документација не е комплетна или е со недостатоци.

Доколку доставената документација не е комплетна, надлежниот орган на Општината е должен со писмено известување 1 да го извести барателот со укажување истиот да ги отстрани констатираните недостатоци и да го дополни барањето во рок од 8 (осум) дена, доколку повторно доставената документација не е комплетна Општината писмено испраќа известување 2  да го извести барателот со укажување истиот да ги отстрани констатираните недостатоци и да го дополни барањето во рок од 20 (дваесет) дена

Доколку барателот не ги отстрани констатираните недостатоци и не го дополни барањето во дополнително определениот рок, органот ке го отфрли барањето и ке донесе Решение за одбивање за добивање лиценца и извод од лиценца за вршење авто-такси превоз на патници во Општина Битола.

Доколку барателот ги отстрани констатираните недостатоци и документацијата е комлетна, а не ги исполнува условите за добивање на лиценца,органот ке донесе Решение за одбивање за добивање лиценца и извод од лиценца за вршење авто-такси превоз на патници во Општина Битола.

Доколку барателот ги отстрани констатираните недостатоци и го дополни барањето, надлежниот орган е должен да ја продолжи постапката, и со комплетирана документација во рок од 15 дена да издаде лиценца и извод од лиценцата.

Ново Барање

Уплатница за административни такси 1

Уплатница за административни такси 2

Контакт лице: Валентина Трифунова, Советник за превоз во патен сообраќај

тел: 047 208 305

е-mail: valentina.stefoska@gmail.com