Општи информации

Општи информации

Општинскиот линиски превоз во општина Битола се врши со околу 60 возила (автобуси, минибуси и комбиња). Во општина Битола се одржуваат 18 линии, како градски така и до селата во Општината Битола.

Превозници во општинскиот линиски превоз на патници во општината Битола:


Ред.број
 

Превозник

 

адреса

1. ДООЕЛ “ЏЕМ-ТУРС“ село Породин – Битола
2. ДООЕЛ “ГОПЕШ ТРАНС“ Борис Бастеро бр. 18 – Битола
3. ДООЕЛ “ТУРИСТ ПРЕВОЗ“ ул.Зборска бр.3, Битола
4. ДООЕЛ “ХЕРА ПРЕВОЗ“ ул.Цане Бујуковски бр.4 – Битола
5. ДООЕЛ “ ХЕРА ТРАНС Д и А“ ул. Игњат Атанасовски бр.41/8 – Битола
6. ДООЕЛ “БОБИ ТУРС“ 12 Кладенци бр. 9 – Битола
7. ДООЕЛ “ ЛУКА ЕКСПРЕС ул. Македонска Фаланга бр.35-а
8. ДООЕЛ “ МАРИЈА ТРАНС Ул. Игњат Атанасовски бр.23/13
9. ДООЕЛ “ ЏИМИ ТУРС Ул. Довлеџик бб. Кампинг
10. ДООЕЛ “ ХЕРА ТУРС Бул. 1ви Мај бб.

На територија на Општината Битола работат 7 лиценцирани авто-такси бази  во чии состав влегуваат 180 возила со важечки лиценци.

Во општината Битола исто така е обезбеден и превоз за учениците од следниве основни училишта:

  • ОУ “Елпида Караманди“
  • ОУ “Гоце Делчев“
  • ОУ “Даме Груев“
  • ОУ “ Св. Кирил и Методиј“
  • ОУ “Коле Канински“
  • ОУ “Др. Трифун Пановски“
  • ОУ “Крсте Петков Мисирков“ – с. Бистрица
  • ОУ “Александар Турунџев“ – с. Кукуречани
  • ОУ “Св. Климент Охридски“

Во градот постои современа автобуска станица во сопственост на фирмата “Патнички сообраќај – ТРАНСКОП“, АД – Битола од која поаѓаат голем број на меѓуопштински и меѓународни автобуси. Исто така, постои и помала автобуска станица од која поаѓаат автобуси кои сообраќаат до руралните места во соседните општини.