Во денешната посета на Битола министерот за информатичко општество и администрација г-динот Иво Ивановски и градоначалникот д-р Владимир Талески остварија средба и со локалните ИТ фирми . Целта на средбата беше да се разгледаат потребите на ИТ фирмите во Битола, односно кој професионален кадар им е потребен.
Министерот соопшти дека министерството за информатичко општество и администрација заедно со агенцијата за вработување спремаат проект, на кој што илјада дипломирани невработени информатичари во Република Македонија ќе се доедуцираат на програмски јазик кој што се бара на пазарот на трудот.
“На оваа средба ќе се запознеме подобро со локалните ИТ фирми, за кога ќе доаѓаат странски инвеститори да можеме да ги поврземе, затоа што не стално големите ИТ фирми сакаат да вработуваат нови ИТ лица во Р.Македонија и многу често тие бараат локални мали и средни компании кои што ќе можат да работат за нив” изјави министерот Ивановски.
Градоначалникот Талески го поздрави проектот на министерството кој што ќе се реализира со агенцијата за вработување и истакна дека
“Општина Битола сите овие години наназад се обидува да создава услови за нови инвестиции, односно крајната цел на сето ова што го правиме е нови вработувања. Ние правиме максимални напори да го спуштиме прагот на невработеноста во Р.Македонија односно во Битола”.