Министерот за информатичко општество и администрација г-дин Иво Ивановски со тим од министерството и градоначалникот на Општина Битола д-р. Владимир Талески, денес на работен состанок со локалните и јавни институции од Општина Битола, разговараа за новите два закони, Законот за административни службеници и Законот за вработените во јавниот сектор.
“Потребно е институциите што побрзо да направат функционална анализа, на својата систематизација , и да поднесат нова до министерството за информатичко општество и администрација , каде што сега со новиот закон дозволено е само до 50 отсто од постоечките вработени , да има нови слободни работни места во систематизацијата и со тоа ќе се покаже кои се најбитните работни позиции, кои сектори, кои одделенија,кои органи во самата институција за да може тоа да биде компактна и ефикасна институција”, изјави министерот Ивановски.