Во Општина Битола денес беа одбележани 72 години од депортацијата на Евреите од Битола. Амбасадорот на Државата Израел во Република Македонија г-динот Дан Ориан и претседателката на Еврејската заедница, денес остварија средба со градоначалникот на општина Битола д-р Владимир Талески, а беше положено и свежо цвеќе на спомениците пред Здравствениот дом.
,, Денес се сеќаваме на трагичното минато на еврејската зедница во Битола. На ваков ден најдобро е да се сеќаваме на минатото, но и да мислиме на иднината. Се надевам дека со градоначалникот Талески ќе работиме заеднички за Битола повторно да биде мапирана како еврејски град како што тоа беше во минатото ’’, посочи амбасадорот Ориан.
Пред 72 години од Битола, беа депортирани над 3.200 Евреи.
,, Битола памети и не заборава. На нашиот град му недостига еден цел организам, дури 3.200 Евреи од Битола беа депортирани.Затоа нашата заедничка цел е Битола да се стави на една светска мапа, на едно историско случување поврзано со прашањето на Евреите од нашиот град. Тоа е празнина која неможе така лесно да се надополни, но правиме се за да ја ублажиме болката за изгубениот дел од нашиот град, истакна градоначалникот Талески.