ПРЕМИЕРОТ ГРУЕВСКИ ГИ ПОСЕТИ ПОПЛАВЕНИТЕ ПОДРАЧЈА

ПРЕМИЕРОТ ГРУЕВСКИ ГИ ПОСЕТИ ПОПЛАВЕНИТЕ ПОДРАЧЈА

Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, денес ги посети поплавените подрачја во општините Новаци и Могила, и оствари средба со граѓаните од поплавените локации во општина Новаци.
Исто така се одржа и состанок со локалниот кризен штаб во општината Новаци, на кој присуствуваа градоначалниците на општина Битола Владимир Талески, на општина Новаци Лазар Котевски и на општина Могила Стево Пивковски.