СОСТАНОК НА РЕГИОНАЛНИОТ КРИЗЕН ШТАБ

СОСТАНОК НА РЕГИОНАЛНИОТ КРИЗЕН ШТАБ

Утрово во 7 часот започна голема акција за заштита и враќање во првобитна состојба на коритото на реката Црна во Пелагонија, со која е предвидено поставување 10.000 вреќи со песок.

Во акцијата вклучени се припадници на АРМ, претставници на јавните претпријатија од регионот и локалното население со единствена цел да се обезбеди заштита од поплавување на општина Новаци. За реализација на акцијата набавени се 10.000 вреќи, договорено е во повеќе населени места во општината Могила да се направат наноси, а ќе се ангажира и соодветна механизација.

На средбата на регионалениот кризен штаб на кој учествуваа Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, градоначалниците на Битола, Прилеп, Новаци и Могила, претставници на јавни претпријатија и претставници на Министерството за здравство, донесен е заклучок, претставници на јавните комунални претпријатија веднаш да остварат посети на населените места каде се користи индивидуално водоснабдување и да забранат користење на водата за пиење, а со помош на организацијата на Црвен крст да се донесе чиста вода за пиење.

Регионалниот пелагониски кризен штаб ќе заседава секојдневно до стабилизирање на состојбите со невремето и поплавите во овој дел од државата.