Пелагонискиот кризен штаб на претпладневниот состанок се договори да биде испратена дополнителна градежна механизација во Новаци и Могила, со цел да се санираат последиците од поплавите и да се зајакнат насипите затоа што се очекува ново надоаѓање на реката Црна.
Дождот ги зголемува проблемите и во Логоварди. Жителите од ова село се борат со водата кој им поплави и куќи и дворови и ниви. Ситуацијата се проверува и во Егри и Оптичари.
До крајот на денот зависно од потребите ќе биде закажан нов состанок на кризниот штаб со цел да се констатираат состојбите и да бидат договорени нови активности.