ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА

ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА

Со положување на свежо цвеќе пред споменикот на Даме Груев во Битола беше одбележан Денот на македонската револуционерна борба. На сите граѓани на Република Макдонија празникот им го честита и градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески:
„Денеска сме тука да одбележиме еден многу значаен историски настан што се случил пред 121 година во Солун. Луѓето инспирирани од сето она што се случувало претходно, сфатиле дека неорганизираната борба не води никаде, така што се договориле да направат еден македонски револуционерен комитет којшто подоцна прераснал во Внатрешна македонска револуционерна организација. Ова е еден од најзначајните, можеби и најзначајниот датум којшто се однесува на организираната борба на македонскиот народ. Всушност тука е и зародишот на ова што го имаме денеска. Организираната борба на македонските револуционери и патриоти ни донесе слобода. Нека ни е честит 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба“, рече градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески.