Во КЦ Магаза беше отворена изложбата “ Жените во општеството“ чии автори се Доц. Др. Николај Нено, Десислава Тихолова, Кустос во одделот етнографија. Изложбата е во организација на НУ Завод и музеј Битола, а координатор е Наде Геневска Брачиќ, етнолог – кустос советник.
Изложбата “ Жените во општеството“ на Регионалниот историски музеј од Русе, Р. Бугарија, претставува осврт кон улогата и местото на жената во општеството и ја разработува темата за жената која покренува прашања во повеќето светски култури, но и обидите на жените да ги надминат границите на јавното мислење што ги врзува со домот и семејството.
Во оваа изложба се прави пресек низ различни периоди и сегменти да се проследи местото и улогата на жените во општеството и тоа: во преродбата, во модерноста, модата – новата мода “Шантеклер“, бугарски модерн, победата на “социјализмот “, кино и пол, постмодерност, на границите на вековите и жените и рекламата.
Сегментот за модата претставен е на кукли во костими во периодот од деветнаесетиот век до современоста во модели сошиени според експонати од колекцијата на музејот во Русе.