БИТ ФЕСТ:ИЗЛОЖБА НА ЛЕОПОЛД ФОСТНЕР

БИТ ФЕСТ:ИЗЛОЖБА НА ЛЕОПОЛД ФОСТНЕР

Во изложбениот салон на Завод и Музеј во организација на македонско австриското друштво беше отворена изложба ма Леополд Фостнер.
Офицерот Форстнер – еден уметник на Биенскиот Југендстил на Балканот. За време на Првата светска војна, горно – австрискиот југенстил – уметник Леополд Форстнер (1876-1836) на коњ, пешки или со брод, скоро две години престојувал на Западен Балкан. Како офицер на К.И.К армијата на австро – унгарската монархија, тој ја пропатувал територијата на денешна Албанија, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија. Неговата задача била да се направи документација за културата на споменатите окупирани области од Австриско – унгарската армија.
Форстнер важи за еден од најпознатите претставници на младата генерација на Виенскиот Југендстил. Тој работел како графичар, дизајнер и сликар. Посебно и единствено место имал како уметник со стакло и како уметник – мозаичар, со што се јавува како партнер на големите уметници Густав Климт, Коло Мозер и Јозеф Хофман. Во светски рамки најпознатите дела, воедно, референци на Југендстилот, каде што како изведувач, во значајна мерка се јавува Форстнер, се ѕидните мозаици во палатата „Штоклет“, во Брисел (Климт и Форстнер), витражите во црквата Штајнхоф во Виена или мозаиците во бањата „Дијана“. Сепак, неговата интернационална кариера, во нејзините зачетоци, беше спречена со започнувањето на Првата светска војна. Од неговата авантура на Балканот, тој изработил и оставил повеќе од 100 цртежи со молив во голем формат, дел од нив колорирани и околу 50 фотографии.