БИТ ФЕСТ:„БИТОЛИНО“-„СМЕШНО ЧУДОВИШТЕ“

БИТ ФЕСТ:„БИТОЛИНО“-„СМЕШНО ЧУДОВИШТЕ“

Четвртата претстава на 4-то издание на ИДТФ Битолино е претставата „Смешно чудовиште“ од Мала сцена,Загреб, Хрватска. Јапонска драматургија, одлични визуелни решенија, копродукција со театарот за слепи лица од Загреб.
Жири комисијата на 4 Интернационален детски театарски фестивал Битолино во состав: Валдет Рама, режисер (Косово) – претседател, Борис Чоревски, актер (Македонија), Бојана Артиновска – Трпческа, ликовен уметник (Македонија) – членови, изгледаа 5 претстави во официјална конкуренција, во изведба на 5 театри од 5 земји.
Жири комисијата едногласно ја донесе следната
ОДЛУКА:ГРАН ПРИ ЗА НАЈДОБРА ПРЕТСТАВА ВО ЦЕЛИНА добива:
Претставата „Смешно Чудовиште“
во режија на Ана Пролич
во продукција на „Мала сцена“, Загреб, Хрватска

Детска претстава која остава без здив, претстава која ќе ве насмее, расплаче, ќе ве воодушеви со својата естетика, одличната актерска игра на тројцата актери, прекрасни костими и прекрасна приказна која поставува прашања…. прашања за тоа како гледаме на другите луѓе, како се препознаваат чудовиштата, по срцето, по ликот или по делата..
Претстава која е вистинско уживање да се проследи.