ЗАПОЧНУВА ФЕСТИВАЛОТ ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ

ЗАПОЧНУВА ФЕСТИВАЛОТ ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ

Од 29 јули до 1 август, во Битола ќе се одржи 44-от Фестивал на фолклорни игри и песни „Илинденски денови“ во организација на Центарот за култура – Битола.
Свеченото отворање, на кое присутните ќе може да уживаат во традиционална музика и игра, ќе се одржи на Ракометното игралиште в понеделник, 29 јули, со почеток во 20:00 часот.
На свеченото отворање му претходи традиционалното дефиле „Со песни и игри низ битолските улици“ кое ќе започне од Саат Кулата во Битола во 18:00 часот. Најмногу интерес предизвикува Интернационалната вечер, на која ќе настапат ансамбли од Холандија, Кипар, Грузија и Јапонија. Таа ќе се одржи на античкиот локалитет Хераклеа, на 1 август со почеток во 20  часот.
Во рамките на фестивалот во Битола ќе бидат одржани и манифестациите „Ехо од дамарите“, „На пладне во чаршија“, „Оро на Широк Сокак“, семинар за традиционална музика и игра и промоција на книгата „Македонските празници и обичаи“ од авторот Марко Китевски.
Фестивалот ќе биде затворен со концерт на Драган Даутовски.