БИТ ФЕСТ:АРТ ИНСТАЛАЦИЈА„МИТОВИ И ЛЕГЕНДИ“-СТУДИО МИКС

БИТ ФЕСТ:АРТ ИНСТАЛАЦИЈА„МИТОВИ И ЛЕГЕНДИ“-СТУДИО МИКС

Урбаните митови и легенди на Битола од 19 до 26 јули како дел од арт-перформанс инсталацијата на Студио Микс го збогатуваат прекрасниот простор на горното фоаје на Народниот театар нудејќи едни нови, специфични, посебно интересни приказни.
Потребата од уметничка демистификација на митовите за градот Битола, произлегува од народната митологија но и од кулоарските разговори. Поставуваќи го прашањето за одредени теми кои се поврзани со градот сегогаш се поставувало прашањето дали е тоа вистина, мит или легенда. Проектот  пред себе нема за цел да го запази автентичното, народно верување кај нашиот народ, туку, напротив да  испровоцира еден специфичен приод на толкува­ње и рационализирање на фактите кои се на дофат во архивите.
Овој перформанс-инсталација е замислен како едно патување низ просторни кабини-сцени каде секоја поединечно претставува една приказна (толкување).

Кабините се поврзани една до друга, со цел да се презентира протокот на време но и да се добие чувство на патувањето низ просторот- митските кабини.

Во една таква структура се обработуваат следните теми:
1.      Митовите за постанокот на врвот Пелистер
2.      Митот за градењето на Саат- кулата
3.      Митските елементи во Љубовната приказна за Мустафа Ќемал Ататурк
4.      Доаѓањето на Рихард Вагнер во Битола
5.       Доаѓањето на славната актерка Сара Бернар
6.      Битола – Град на клавирите
 
кои и покрај тоа што просторно се назависни ќе бидет споени со универзална музичка  илустрација на тема Битола.