ОБЕДИНУВАЊЕ НА 34. ПОГРАНИЧНА И 43. ИСЕЛЕНИЧКА СРЕДБА ВО ЕДНА И ЕДИНСТВЕНА СЕМАКЕДОНСКА СРЕДБА

ОБЕДИНУВАЊЕ НА 34. ПОГРАНИЧНА И 43. ИСЕЛЕНИЧКА СРЕДБА ВО ЕДНА И ЕДИНСТВЕНА СЕМАКЕДОНСКА СРЕДБА

Денес во кабинетот на градоначалникот на општина Битола, Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија – Битола, Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН и Светскиот Македонски Конгрес потпишаа договор за обединување на 34. Погранична средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија и 43. Светска Македонска Иселеничка Средба во една и единствена Семакедонска Средба.
 
Иселеничката Средба за првпат одржана во 1971 година во битолското село Трново во организација на Матицата на иселениците од Македонија, од 1998 година преименувана во Светска Македонска Иселеничка Средба во организација на Светскиот Македонски Конгрес, и Пограничната средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во битолското село Трново за првпат одржана во 1981 година во организација на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија – Битола, во оваа 2014 година се обединуваат во една и единствена Семакедонска Средба.

Градоначалникот како покровител на манифестацијата очекува оваа година Семакедонската средба да има рекордна посетеност, затоа што ваквиот пример е вистинска потврда за обединувањето на кое се повикува на средбите во изминатиот период.

Здруженијата поднесоа барање до Советот на општина Битола за донесување одлука за вклучување на единствената „Семакедонска средба“ во програмата за култура на општина Битола.