ОТВОРЕНА ПРВАТА ДЕТСКА ГРАДИНКА ВО ДОЛНО ОРИЗАРИ

ОТВОРЕНА ПРВАТА ДЕТСКА ГРАДИНКА ВО ДОЛНО ОРИЗАРИ

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и Градоначалникот на општина Битола свечено ја отворија новата детска градинка во Долно Оризари. Детската градинка го носи името „Пинокио“ и работи во рамките на ЈОУДГ Естреа Овадија Мара. На овој начин се исполнува долгогодишната желба на жителите од Долно Оризари, а наскоро нова градинка ќе биде изградена и во с.Кравари.