БИТ ФЕСТ:ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „НЕИЗВЕСНИ СЕТНИНИ“

БИТ ФЕСТ:ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „НЕИЗВЕСНИ СЕТНИНИ“

Во НУУБ Свети Климент Охридски беше промовиран романот „Неизвесните сетнини“ од авторот Димитар Богдановски.
„Накусо кажано, во разгледуваното дело од писателот Димитар Богдановски, се опфаќа транзициониот период од историјата на нашава земја, т.е. периодот по пропаѓањето на поранешната држава Југославија, односно пропаѓањето на таканаречениот комунизам, кој период за жал, според мислењето на авторот сеуште не завршил. Особено кога повнимателно ќе се погледне на постојано растечкиот криминал и корупцијата во општеството, живејачката криза изгубена не само во просторот, ами многу повеќе во текот на новото време“, рече промоторот на книгата Добре Тодоровски.