БИТ ФЕСТ: ФЕСТИВАЛ „ПОЕТСКИ СИНТЕЗИ“

БИТ ФЕСТ: ФЕСТИВАЛ „ПОЕТСКИ СИНТЕЗИ“

На 28 јуни со почеток во 20.30 ч, во Магазата во Битола, под отворено небо се одржи шестиот по ред меѓународен поетски фестивал „Поетски синтези“ во организација на Здружението за наука и култура „НОВА“ во рамките на Битолско културно лето 2014. Фестивалот го отвори проректорот на универзитетот „Св. Климент Охридски“ , д-р Пере Аслимоски, а настапија поети од Србија и Бугарија, како и поети од: Скопје, Куманово, Струга, Тетово, Ресен и од Битола (Зоран Маслаковиќ, Ема Кацуљ, Кристиана Добраева, Мирјана Стојановска, Елена Пренџова, Ирена де  Одорико, Христо Петревски, Вера Антиќ, Бобан Богатиновски, Никола Илијовски, Весна Мундишевска и други. Во отсуство на поетот Н.Е Јожеф Бенце-амбасадор на Унгарија во нашата земја, благодарницата за учество му беше врачена на унгарскиот конзул Сашо Јанакиевски.
Традиционално на фестивалот беше доделена специјалната награда „Поетска муза“ за естетизација на поетски дискурс и интерпретација на песна.