„СОЛСТИС“ – ПРАЗНИК НА МУЗИКАТА 2104​

„СОЛСТИС“ – ПРАЗНИК НА МУЗИКАТА 2104​

​​Fête de la Musique познат и како СОЛИСТИС- Светски ден на музиката, е музички фестивал kој се одржува секоја година на првиот ден на летото, 21 јуни.
​       ​
Идејата за првпат била зачната во 1976 година од страна на американски музичар Џоел Коен кој подоцна бил ангажиран од страна на Француската национална радио станица France Musique. Коен предложил цела ноќ музичка прослава на почетокот на летото (летниот солистициум), а идејата за првпат се реализирала во 1982 година во Париз …
​      ​
Денес се прославува ширум светот, а особено во стотина градови во Франција, но и франкофонски градови долж Медитеранот. Целта е да се промовира музиката и на аматерските и на професионалните музичари, а од друга страна на публиката да и се понудат голем број на бесплатни концерти со различни стилови музика.
​      ​
Битола како историски франкофонски град веќе 13 години го одбележува овој ден: десетина отворени сцени долж „најмедитеранската“ улица во земјата- Широк сокак, со настап на десетици музичари од сите музички жанрови го празнуваа истиот. По примерот на европските градови, настаните од тринаесетото издание на Солстис како предвесник на најдолгото културно лето во земјата „Бит фест“  и во Битола се реализираа на отворено.
​      ​     ​
Манифестацијата е поддржана од Градоначалникот на Општина Битола д-р.Владимир Талески во рамките на „Бит фест“ 2014.