ОТВОРЕН МАЛИОТ БИТОЛСКИ МОНМАРТР

ОТВОРЕН МАЛИОТ БИТОЛСКИ МОНМАРТР

Со голем огномет во старата  битолска чаршија и со присуство на 70 ликовни амбасадори од седумнаесет држави, свечено беше означен почетокот на 33- то издание на светски познатата  детска ликовна колонија – Мали битолски Монмартр. Годинешната манифестација ја отвори осумгодишниот Лау Кинг Џи од Кина, кој по трет пат доаѓа во Битола.

На отворањето присуствуваше и Градоначалникот на Општина Битола д-р Владимир Талески кој ја изрази својата и подготвеноста на Општина Битола за поддршка на овогодишното издание на Малиот Битолски Монмартр, како и поддршката која ќе следува при реновирањето на опожарениот дел од објектот.