АКЦИЈА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА МОТОЦИКЛИСТИТЕ ВО СООБРАЌАЈОТ

АКЦИЈА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА МОТОЦИКЛИСТИТЕ ВО СООБРАЌАЈОТ

Во рамки на „Неделата за безбедност на мотоциклистите во Република Македонија“, денес на Плоштадот Магнолија се одржа едукативен настан кој има за цел да ја подигне свеста на сите учесници во сообраќајот. Организатори на денешниот настан се Министерството за внатрешни работи, Министерството за локална самоуправа, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Агенцијата за млади и спорт и општина Битола. Денешната манифестација беше заокружена со ревијално возење низ битолските улици кое имаше за цел демонстрирање безбедно возење мотоцикл со практично и целосно почитување на сообраќајните правила и прописи, како порака до сите учесници во сообраќајот.