ОТВОРЕН ДЕН ВО ОПШТИНА БИТОЛА

ОТВОРЕН ДЕН ВО ОПШТИНА БИТОЛА

Триесет и пет граѓани ја посетија општината Битола во рамки на отворениот ден. Граѓаните своите идеи, предлози, прашања и сугестии имаа можност да ги претстават пред градоначалникот, директорите на јавните претпријатија и раководителите на општинските одделенија. Идеите за кои постои реална можност за реализација испратени се на понатамошна дообработка.