СЕ АСФАЛТИРА УЛИЦАТА СВЕТИ НЕКТАРИЈ БИТОЛСКИ

СЕ АСФАЛТИРА УЛИЦАТА СВЕТИ НЕКТАРИЈ БИТОЛСКИ

Со асфалтирање на улицата Свети Нектариј Битолски (Жикица Јовановиќ Шпанац), од денес во Битола започнува уште една интензивна градежна сезона во која ќе бидат преасфалтирани најмалку 25 улици. Со денешните активности се заокружува уште еден проект вреден 9 000 000,00 денари.
„На оваа улица ја променивме канализационата мрежа, тампониравме и сега асфалтираме. Денес активностите ќе бидат завршени. Активно ја започнуваме новата градежна сезона. Имаме многу проекти кои се подготвени за асфалтирање, но и многу градежни активности кои што ги најавивме, а кои во текот на летниот период ќе бидат завршени. Со ваквата динамика, со оваа екипа, бројката од 100 улици која ја ветивме за четиригодишниот мандат, најверојатно ќе биде поголема“, изјави градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески на денешната прес конференција, нагласувајќи дека во завршна фаза се и градежните активности на новиот кружен тек кај Веро, каде што поради повеќе инсталации кои се појавија изминатиот период, беа направени значајни интервенции, а со започнувањето на сезоната ќе биде асфалтиран и кружниот тек, по што ќе започне изградбата на третиот кружен тек на улицата Васко Карангелевски.
Во завршна фаза е и уредувањето на новиот мост кај Црн мост. Наскоро со финализирањето на деталите на новиот мост ќе се затвори за сообраќај стариот мост кој ќе го користат за движење само пешаците, а истиот и дополнително ќе биде уреден.