СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТАЛЕСКИ СО АМБАСАДОРОТ НА ХРВАТСКА ЗЛАТКО КРАМАРИЌ

СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТАЛЕСКИ СО АМБАСАДОРОТ НА ХРВАТСКА ЗЛАТКО КРАМАРИЌ

Амбасадорот на Република Хрватска во Република Македонија денес оствари средба со Градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески. Освен за големата поддршка од Хрватска која ја има Македонија на патот кон Европската унија на средбата се разговараше и за значајните културни настани кои постојано се случуваат во Битола, како и за идните планови за понатамошна соработка:
„Идната година се одбележува 200 годишнината од раѓањето на Јосип Јуриј Штросмаер, а Вие знаете што Јосип Јуриј Штросмаер значи и за Македонија и ние ќе се обидеме и тука да направиме еден голем културен настан, кој нема да се случува само во Скопје, во МАНУ, туку има голема причина да се прошири и во другите градови пред се во Битола, како стар конзулски град и град со големо културно историско наследство“, изјави Златко Крамариќ, амбасадор на Република Хрватска во Република Македонија.
Амбасадорот Крамариќ на Градоначалникот Талески му пренесе и искрени поздрави од добрите пријатели на Битола од збратимениот град Риеака.
„Ја изразив мојата голема благодарност за поздравите кои што ми ги пренесе од сите наши пријатели од Хрватска, за која имаше посебен повод, односно средбата на нашиот претседател на Собранието на РМ, г-дин Трајко Вељановски кој во Хрватска беше придружуван од нашите пријатели, а се разбира во неговата агенда беше и Риека, нашиот збратимен град. Благодарност до сите наши пријатели. Јас се надевам дека 2014 година ќе ја динамизираме соработката, затоа што таму имаме безброј пријатели, така што нивните значајни искуства многу ќе ни бидат драгоцени и во иднина во нашите директни средби таквото искуство ќе најдеме начин да го применуваме. Тоа е многу значајно затоа што имаме уште еден голем лобист за Република Македонија“, изјави Градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески.