ОБНОВЕН ВОЗНИОТ ПАРК НА КЈП НИСКОГРАДБА

ОБНОВЕН ВОЗНИОТ ПАРК НА КЈП НИСКОГРАДБА

Реализиран е уште еден проект од програмата на локалната самоуправа за периодот 2013 – 2017. Јавното претпријатие „Нискоградба“ – Битола денес промовираше нови машини со кои што значително го подобри квалитетот на возниот парк во претпријатието.
Набавена е машина „комбинирка“ од англиско производство со која ќе може да се копа и товари градежен материјал и машина „товарувач на тркала“ со допонителна опрема која ќе се користи во тесни улици и високите зони на градот.
„Над една деценија ова јавно претпријатие беше без новонабавените машини. Но со поддршка на Советот почнавме обнова на возниот парк, ги намалуваме трошоците и ја зголемуваме ефикасноста. Повеќенаменските возила ќе се користат во зимски но и во други временски услови. Убедени сме дека правиме се за да се зајакне претпријатието но и да се подобри развојот на ова претпријатие“, изјави градоначалникот на Општина Битола, д-р Владимир Талески.
Вкупната инвестиција за овој проект изнесува 7,5 милиони денари.