ИСЧИСТЕНИ НАД 25 ДЕПОНИИ

ИСЧИСТЕНИ НАД 25 ДЕПОНИИ

Јавните комунални претпријатија од Битола координирани од локалната самоуправа денеска целосно расчистија над 25 диви депонии на подрачјето на општина Битола. Во акцијата се вклучија месните и урбаните заедници.
Акцијата е поддржана од градежни претпријатија, како и претставници на граѓанските организации и здруженија заинтересирани за чисти и зелени површини.
 
„Акцијата ја реализираме со цел во целост да се исчистат сите регистрирани диви депонии, но истовремено со локалното население поведуваме разговор за да согледаме зошто некои несовесни граѓани фрлаат отпад. Бидејќи граѓаните ни даваат поддршка ние ќе преземеме и други мерки и секој затекнат сторител што незаконски фрла смет ќе биде пријавен во надлежниот суд. Но, најдобро од се е да не се фрла смет и да не се загадува природната околина, бидејќи секое повторно чистење е трошок, инвестиција која може да се користи за зголемување на бројот на зелени површини, изјави градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески.