БИТФЕСТ: НИЗ БИТОЛА СО ЛИБЕТО

БИТФЕСТ: НИЗ БИТОЛА СО ЛИБЕТО

Во срцето на старата битолска чаршија битолчани уживаа во манифестацијата „Низ Битола со либето“ во изведба на познатиот битолски актер Петар Горко.

На музичко поетската манифестацијата беа говорени текстови од најпознатите битолски песни каде се спомнува зборот ЛИБЕ. Петар Горко ги говореше текстовите, додека за музиката се погрижи битолската група Калабалак. Еве дел од песните кои беа дел од музичко поетската манифестација: Битола бабам Битола, Битола мој роден крај, Ако одам во Битола, Ја излези стара мајко, Нели ти реков моме Донке и многу други. Битолчани дојдоа во старата битоска чаршија во голем број и видно расположени рецитираа, пееја и со громогласни аплаузи ги поздравија изведувачите.